Едно лице е тешко повредено во сообраќајната незгода што се случила вчера во 13.25 часот на локалниот пат кој води од автопатот Тетово – Гостивар кон с.Врапчиште, гостиварско.

Како што соопшти МВР, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило „даф“, со кратовски регистарски ознаки, управувано од Д.Ф.(23) од Кратово и мотоцикл „томос“, без регистарски ознаки, управуван од Н.У.(66) од с.Врапчиште.

Во незгодата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар во Гостивар.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Гостивар.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.