Дваесет и четири годишен велосипедист е тешко повреден од удар од автомобил, информира во редовниот Билтен Министерството за внатрешни работи.

Како што соопшти денеска МВР, на полноќ било пријавено дека во комплексот клиники „Мајка Тереза“ со повреди здобиени од сообраќајна незгода бил донесен Б.П.(24) од Скопје.

Б.П. синоќа, околу 22:15 часот, додека со велосипед се движел во населбата Илинден бил удрен од непознато патничко моторно возило, управуван од засега непознат возач, кој по незгодата го напуштил местото на настанот.

На момчето му биле констатирани тешки телесни повреди.

Извршен бил увид на местото на настанoт од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.