Ноќва во 02.40 часот во СВР Штип било пријавено дека на магистарален пат А-3, на патниот правец Македонска Каменица – Делчево во Македонска Каменица се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило, со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.С.(42) од Велес и патничко возило „нисан“, со пробни таблички, управувано од Д.С.(35) од с.Звегор, делчевско.

По незгодата Д.С. е пренесен во Клинички центар Штип, каде му се констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на незгодата извршила екипа од Полициска станица Делчево.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.