Едно лице е тешко повредено во железничка незгода што се случила ноќва на железнички премин кај кумановското село Лопате, каде дошло до судир помеѓу товарен воз, кој сообраќал на релација Табановце-Гевгелија и патничко возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки.
Од МВР информираат дека во 00.45 часот било пријавено за железничката незгода помеѓу товарниот воз и „аудито“, управувано од Ф.Ј.(47) од липковското село Оризаре.
Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил Ф.Ј., констатирани во Општата болница во Куманово. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово, се наведува во соопштението од МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.