Вчера во СВР Битола било пријавено дека на патот А-3 Битола-Ресен, пред место викано „Ротинска крстосница“, товарно возило „мерцедес спринтер“, со охридски регистарски ознаки, управувано од Б.Т.(58) од с.Загорчани, струшко, удрило во метална заштитна ограда.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничка болница Битола. Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.