Со тешки телесни повреди вчера околу 11.30 часот се здобил градежниот работник Д.К.(35) од Кичево. Тој паднал од објект во изградба на улицата „Мара Угринова Гина“ во Кичево и бил префрлен во Ургентниот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.
Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски информира дека бил извршен увид.
Димоски соопшти дека во текот на изминатото деноноќите две лица од Кичево не го почитувале полицискиот час. Тие се приведени и против нив ќе биде поднесена кривична пријава по член 206 од Кривичниот законик „непостапување според здраствени прописи за време на епидемија“.
Во истиот период не се регистрирани сообраќајни незгоди ниту кражби, објасни Димоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.