Вчера во раните утрински часови во село Могила, битолско патничко моторно возило „хјундаи акцент“ со битолски регистерски таблици, управувано од Д.С.(22) од село Могила, битолско, удрило во бетонски столб.

Д.С. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани од страна на лекар од Клиничката болница во Битола.

Извршен бил увид на местото на настанот од страна на увидна екипа од СВР-Битола и се работи на целосно расчистување на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.