Осумнаесетгодишно момче од валандовско е тешко повредено откако со мотоциклот кој го управувал удрил во столб.
Како што соопшти МВР, вчера во 15 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека на ул.„Цветан Димов“ во с.Пирава, валандовско, Б.Р.(18) од истото село, управувајки мотоцикл без регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во столб.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, констатирани во Медицински центар Струмица.
Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Валандово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.