Единаесетгодишно дете е тешко повредено откако вчера околу 11.30 часот на крстосница од улиците „Мукос“ и „Шаќир Војвода“ во Прилеп, во него удрило патничко возило „фолксваген голф“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Р.Д.(19) од Прилеп.
Притоа, детето се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено во Градската општа болница Прилеп, каде му била укажана лекарска помош.
Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Прилеп и се работи на расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.