Рано утринава околу 3.00 часот по полноќ, на раскрсницата кај железничка станица, се случила страшна сообраќајна незгода, пишува Слободенпечат.

Според неофицијални информации, станува збор за судир помеѓу две возила, „форд“ и мерцедес“, при што патниците во „фордот“, биле потешко повредени

Повредените, со возило на Брза помош биле пренесени во Ургентниот центар.

Во моментов на терен има екипи на ЈП „Улици и патишта“, кои вршат санација на скршен семафор при судирот на возилата.

Пред околу еден час, пајак ги собрал двете возила, а притоа тој дел на улицата бил затворен.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.