На 03.12.2019 во 03.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од бул.„Кузман Јосифовски Питу“ и ул.„Никола Карев“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „форд фокус“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(23) од Скопје и патничко возило „мерцедес“, со велешки регистарски ознаки управувано од В.Н.(23) од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот Д.С. и сопатникот во истото возило, Н.Н.(41) од Охрид, по што биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на незгодата од екипа од СВР Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.