На 08.11.2021 во 03.30 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на крстосница од улиците „Александар Македонски“ и „Октомвриска“ во Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Р.М.(26) од Прилеп и патничко возило „хјундаи акцент“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д.А.(19) од Прилеп.

Во несреќата, со тешки телесни се здобиле сопатниците во „хјундаи“, Н.А.(42) и малолетничка, двајцата од Прилеп, констатирани во болницата во Прилеп, информира МВР.

Увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа на Полициска станица Прилеп.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.