Веќе 23 дена семафорите на двете крстосници на бул. Видое Смилевски Бато во Ново Лисиче, се надвор од функција т.е. не работат.Тоа е главната причина за тешката сообраќајка која денеска се случи таму околу 18 часот.

Зошто со денови семафорите не се поправаат, никој не знае. Секојдневно има сообраќајки, ризично е да се премине на пешачки (бидејќи нема никаква сигнализација ниту за возила, ниту за пешаци). Ова што се случува на овој булевар е вистински хорор. Градот, општината се тотално незаинтересирани во решавање на овој навистина сериозен проблем, пишува читател на Република.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.