Рано утрово околу 07 часот на локалниот пат село Кукуречани – село Драгожани, битолско, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило со битолски регистарски ознаки и патничко возило „Пежо“ со битолски регистарски ознаки, управувано од М.Ш. (52) од село Секирани, битолско.

Во незгодата починал М.Ш., а со тешки повреди хоспитализирани во битолската болница се три други лица. Увид извршила екипа на СВР Битола и се работи на расчистување на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.