Едно лице загина во сообраќајна несреќа што попладнево се случи на регионалниот пат меѓу гостиварските села Равен и Вруток.

Од СВР Тетово соопштија дека судирот се случил меѓу автомобил „Ауди“ со госиварски регистарски ознаки, што бил управуван од лицето М.З. (62) од Гостивар и мотоцикл „кавасаки”, што го управувал З.З. (21).

Во несреќата, мотоциклистот од задобиените повреди починал на самото место. Во моментов јавен обвинител со увидна екипа вриш увид и се работи на утврдување на причините и околностите кои довеле до несреќата, рече Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.