Ноќеска околу 01 часот на улица „Кирил и Методиј“ во Скопје, општина Центар, патничко возило „Шеврлолет круз“ управувано од В.Б. (47) од Скопје, излетало од коловозот и удрило во дрво, а потоа и во паркирани патнички возила „Опел Астра“ и „Фиат Пунто“, сите со скопски регистарски ознаки.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобиле возачот В.Б. и сопатникот Љ.С. (55) од Скопје, додека другиот сопатник Т.Г. (39) од Скопје се здобил со телесни повреди.

Возачот бил бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“, каде му била укажана лекарка помош, додека двајцата сопатници биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.