Ноќеска околу 04.30 часот на место викано „Трската“ во Берово, патничко возило „Сеат леон“ со беровски регистарски ознаки, управувано од Д.Ш. (27) од село Умлена, пехчевско, изгубило контрола и излетало од патот.

Притоа со повреди се здобиле возачот и четворицата сопатници М.Т. (27), М.Т. (27), М.П. (32), тројцата од село Смојмирово и П.П. (23) од Пехчево. Сите биле пренесени во Здравствен дом Берово каде им била укажана лекарска помош, по што П.П. и М.Т. биле пренесени во Клиничката болница Штип.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Берово.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.