На регионалниот пат Конче – Радовиш вчера, во атар на с.Ракитец во близина на крстосница „Лакавица“, патничко возило „ауди А6“ со бугарски регистарски ознаки, управувано од З.С.(35) од с.Конче, радовишко, изгубило контрола, излетало од патот и удрило во дрво.
Во незгодата, возачот З.С. и сопатниците Б.Р.(22) и И.М.(34), двајцата од с. Ракитец, биле пренесени во болницата во Радовиш, каде што на З.С. му биле констатирани тешки телесни повреди., а на сопатниците телесни повреди.
Бил извршен увид на местото на настанот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.