Три лица се здобиле со повреди при сообраќајка на автопатот Тетово-Скопје.
Вчера во 13:40 часот, после клучка Групчин, патничко возило „Фиат пунто“ со швајцарски регистарски ознаки, управувано од 25-годишниот Х.И. од село Дебреше, гостиварско, излетало од патот и удрило во заштитна ограда.
Притоа, со тешки телесни повреди се здобил сопатникот, 45-годишниот Ш.Х. од село Дебреше, додека другите сопатници А.Х.(26) и О.Х.(20) се здобиле со телесни повреди. На повредените им била укажана лекарска помош во Клиничката болница Тетово.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.