Две лица се повредени во сообраќајната несреќа што се случи претпладнево на скопската обиколница.

Како што информираат од СВР Скопје за „Република“, несреќата кај нив е пријавена во 11:25 часот. На автопатот Скопје – Тетово кај клучка Волково се судриле товарно моторно возило и пик-ап, а двајцата возачи се пренесени во Ургентен центар.

Повеќе детали се очекуваат подоцна кога ќе заврши полицискиот увид.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.