Четири лица од кои две потешко се повредени во сообраќајна несреќа која се случила вчера попладне на крстосницата од бул.„Словенија“ и ул.„Качанички пат“ во Скопје.
Во несреќата учествувале „Фолксваген“ управуван од Г.А.(52) од Скопје и „Фолксваген голф“ управуван од С.М.(41) од с.Батинци, скопско.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле Г.А. и Д.Х.(21), сопатничка во неговото возило, додека возачот С.М. и сопатникот во неговото возило Г.Л.(27) од Р.Албанија, се здобиле со телесни повреди – информираат од МВР.
Тие биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.