Сообраќајна незгода меѓу патничко возило „сузуки балено“ и комбе „фолксваген“ се случи утринава на булеварот „Асном“ кај хотелот „Хилтон“ во Аеродром.

Интервенираше и Противпожарната единица од каде за МИА изјавија дека биле повикани од страна на Брзата помош.

Од Министерството за внатрешни работи засега нема информации за повредени лица, но од очевидци на терен две лица со возила на Брза помош се пренесени во болница.

На местото на несреќата увид врши екипа на Министерството за внатрешни работи. Оттаму повеќе детали најавуваат за подоцна.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.