Млад прилепчанец го загуби животот во тешка сообраќајка, која се случи вчера околу пладне на магистралниот пат Битола-Прилеп.
Како што соопшти МВР, патничко возило „опел корса“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Б.Н.(31) од Прилеп, кај с.Беранци удрило во бетонски столб од надвозник.
Возачот починал на местото на незгодата. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а увид бил извршен од увидна екипа од СВР Битола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.