Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, Полициската станица Струга поднесе кривична пријава против 54-годишниот С.Б. од струшкото село Велешта.
Како што информира МВР, тој на 17.09.2019, управувајќи патнички автомобил „голф“ на регионален пат, извршил неправилно свртување кон локалниот пат за селото Добовјани и удрил во патнички автомобил „југо“, а потоа во 55-годишниот С.Б. и неговиот малолетен син, двајцата од Република Албанија, кои се движеле по патот. Тие се здобиле со тешки телесни повреди од кои С.Б. подоцна им подлегнал на повредите. Со телесни повреди се здобил и возачот на автомобилот „југо“, 58-годишниот Р.П. од Вевчани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.