Шеесет и шестгодишник е тешко повреден вечерва на патот Кавадарци – Неготино, откако моторно возило удрило во запрежната кола со која управувал.
Информацијата за МИА ја потврди хирургот од Општа болница во Кавадарци, Дано Кулев кој се погрижи за пациентот донесен со Брза помош.
Се работи за тешка телесна повреда, скршеница на клучна коска на лево рамо со изместување. По обавена репозиција и имобилизација, повредениот е задржан во болница за да биде медицински третиран – изјави Кулев.
На местото на несреќата се упати и полициска увидна екипа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.