СВР-Битола информира дека извршена е тешка кражба во црквата Св. „Арангел“ во битолското село Долно Српци.

Според првичните информации од црквата одземени се пари и вредни предмети, а кражбата се случила ноќта меѓу 31 август и 1 септември.

По пријавата на кражбата во СВР-Битола, нашите екипи извршија увид и констатираа дека одземени се пари и црковни предмети. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за расчистување на случајот, истакна Сања Стаматова, портпарол на СВР-Битола.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.