Двајцата екс-министри кои биле приведени синоќа, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, денеска биле нападнати во затворот во Шутка. Јанакиески се здобил со скршеница на раката, додека Ристовски завршил со пукната аркада. Јанакиески е префрлен во ГОБ „8-ми Септември“ во Скопје. Повеќе информации за нивната здравствена состојба се очекуваат за кратко.

Претходно, медиумите на албански јазик објавија дека денеска во затворот Шутка се случил инцидент во кој член на Кумановската група со иницијали Е.К. го претепал поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески.

Како што пишува весникот, благодарение на интервенцијата на затворските власти, била спречена поголема несреќа.

„Република“ побара официјална информација за овој случај од Управата за извршување на санкции од каде засега не можеа да ја потврдат информацијата. Кратко нè известија дека е стапено во контакт со надлежните во затворот од каде чекаат точна информација.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.