Синоќа во Велес за време на полициски час била пријавена физичка пресметка по претходна расправија.

 На 24.05.2020 околу 18.00 часот во СВР Велес било пријавено дека во село Рудник во дворот од семејната куќа, Ж.Ф.(31) од Скопје, по претходна расправија, бил нападнат од В.Н.(58).

Истиот ден околу 19.50 часот во СВР Велес, В.Н.(58) од Скопје дека во дворот од семејната куќа во село Рудник бил физички нападнат од К.Ф.(57) и неговиот син Ж.Ф.(31).

По целосно документирање на случајот ке биде поднесена соодветна пријава.

Вториот случај бил регистриран истиот ден, но околу 21.00 часот во СВР Велес било пријавено дека на ул.„Јордан Џурнов“, по претходна расправија, настанала физичка пресметка помеѓу А.М.(45) и неговата сопруга Е.Ј.(42), од една страна и С.К.(36) и неговата сопруга А.К.(34), сите од Велес.

По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.