Синоќа на полноќ по добиена пријава во СВР Скопје дека во угостителски објект во населба Илинден има нарушен јавен ред и мир и има едно лице со повреди, полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото на настанот.
Според пријавеното, З.И.(42) од с.Марино со тврд предмет го удрил М.Т.(25) и истиот паднал во безсознание по што со возило на итна медицинска помош е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. По наредба на јавен обвинител З.И. е задржан во Полициска станица Кисела Вода за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.