На 17.10.2021 во 02,40 часот, во СВР Тетово А.Т. (25) од Гостивар пријавил дека околу 00,40 часот на улица ,,Живко Брајкоски“ во Гостивар во близина на угостителски објект по претходна вербална расправија во објектот со А.Н. и И.Н. од Гостивар тие со уште неколку лица физички го нападнале со тврди предмети, а едниот од нив извадил и остар предмет со кој му се заканувал. По кратко време дошол и неговиот брат М.Т., но и тој бил физички нападнат. Откако пристигнале полициски службеници на местото на настанот, со цел смирување на ситуацијата испукале неколку предупредувачки истрели во воздух.
Се работи на целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.