Полициски службеници на Граничниот премин Табановце, на влез во Република Македонија, вчера наутро ги привеле Н.Ж (39), државјанин на Р.Србија и С.Е.(42) и С.Х.(40), двајцата државјани на Р.Турција поради нарушување на јавниот ред и мир. Тие имале меѓусебна физичка пресметка, на која и претходела расправија околу случена сообраќајна незгода претходно.
Лицата биле предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка, соопштија денеска од МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.