Место првенствен одбојкарски меч, тотален хаос. Вака може да се опише она што вчера попладне се случувало во Кичево за време на мечот од 7. коло во женската одбојкарска лига меѓу екипите на Ускана и Јанта Волеј Форца.
При водство за гостинската екипа од 1:0 во сетови, тренерот на домашниот тим Бејтула Емини, незадоволен од судиските одлуки, физички го нападнал вториот судија на натпреварот. И покрај сите напори за целата ситуација да се смири, на крајот морала да интервенира полицијата, а тренерот на кичевскиот тим денеска влезе и во полицискиот билтен на МВР.
Како што објавија од МВР, против Емини ќе биде поднесена соодветна пријава според Законот за спечување на насилство и недостојно однесување на спортските натпревари.
Од Одбојкарската федерација велат дека ги очекуваат комплетните изјави од официјалните лица на натпреварот, пред да се произнесат за инцидентот и најавуваат постапка против тренерот на кичевскиот тим.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.