Вчера околу 13.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Партизанска“ бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу И.И.(61) и А.Љ.(67), двајцата од Скопје, поради меѓусоседско недоразбирање.

Според пријавеното, тие во пресметката употребиле тврди и остри предмети, а биле разделени од неколку присутни.

При пресметката, според пријавата, Љ.А. внук на А.Љ., со пиштол му упатил закана на И.И..

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.