При завршување на работното време во вторникот, насилничка група предводена од Мони Вуќељ, личен телохранител на градоначаникот Велимир Смилевски, неговиот татко Агим и уште едно непознато лице извршиле насилство и го нападнале лицето А.Т вработено во Општина Бутел повеќе од 20 години, дознава „Инфомакс“. Според нивните информации, нападот се случил пред главниот излез на зградата на општината. А.Т бил претепан до бессознание, при што веднаш Мони и групата насилници бегајки го напуштила местото.

Случајот бил пријавен веднаш во полиција, а вработениот е хоспитализиран со повреди на главата и телото.

Постојат индиции дека градоначалникот Смилевски, итно реагирал кај командирот на ПС Бутел Сашо Комненовиќ со цел случајот да не добие разрешница, пишува „Инфомакс“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.