Едно лице загина вчера во тешка несреќа во каменолом. Како што пријави М.Љ.(41) од село Сопот, кумановско, вработен во каменолом, вчера во 20:50 во Полициската станица за граничен надзор Сопот, при извршување на работи во каменоломот, П.С., возач со товарно возило „мерцедес бенз актрос“ – кипер, со скопски регистарски ознаки, паднал во ископ.

Од лекар од Итна медицинска помош Куманово кај П.С.(57) од Куманово била констатирана смрт.

Извршен бил увид на местото од увидна екипа од СВР Куманово, во присуство на трудов инспектор.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.