Таткото нa момчето кое со нож беше прободено во саботата во дискотека од страна на две лица, синови на висок функционер вработен во МВР, се огласи денеска преку својот Фејсбук профил:
Ги земав личните предмети на син ми од болница, меѓу нив има лични документи и парфем, нема нож како што имале сторителите, така сум го воспитал да ги сака луѓето, да помогне каде што може. Правеше големи сметки на телефон донирајќи за некоја објава за помош на лица за кои се собираа парични средства потребни за лекување. За разлика од него, сторителите синови на висок функционер, излегуваат на забава со ножеви, се прашува ли некој надлежен со каква цел е излегувањето на млад човек во дискотека со нож…., стои во статусот на таткото на прободеното момче.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.