Мерки за обезбедување присуство им одреди судија на лицата А.Ц. и Ј.Ц, кој постапуваше по предлогот на Основното јавно обвинителство – Скопје за определување мерка притвор против двете лица, кои се осомничени за кривично дело тешка телесна повреда од член 131 став три од Кривичниот законик.

Станува збор за тепачката, која се случи на 23 март во кафе бар во скопско Марино, во која со нож беше прободен полицискиот службеник Филип Филиповски.

-Прочитав вчера дека судијата не одреди мерка притвор на лицата што се обидоа да го убијат мојот син Филип Филиповски, Замислете на син ми му извадија бубрег, слезина, изгуби 2 литри крв, лекарите после операцијата ми соопштија дека шансите да преживее се 50-50 и сето тоа не беше доволно на „СУДИЈАТ“ да определи мерка притвор. Очекувам дека КРИВИЧНИОТ СОВЕТ ќе ја исправи непрадвата и лицата што се обидоа да му го одземат животот на мојот син ќе ја добијат заслужената казна – се огласи таткото на Филип, Гоце Филиповски.

Тој бесен на одлуката на судијата кажа дека очекува дека Обинителството ќе побара од Кривичниот совет да се притворат сторителите.

-Тоа што нема притвор искрено и беше очекувано, сепак позицијата на родителот влијаела на „СУДИЈАТА“. И покрај одлуката на „СУДИЈАТА“ му посакувам никогаш да не го почувствува тоа што јас го почувствував чекајќи пред операционата сала 4 часа, исчекување дали ќе си го видам детето повторно живо, болката господин „СУДИЈА“ е страшна, органите ги загуби засекогаш и мора останатиот дел од животот да се бори, за разлика од него сторителите претпоставувам си уживаат во нормалниот живот здрави и среќни. Очекувам дека ОБВИНИТЕЛСТВОТО ќе побара од Кривичниот совет да се притворат сторителите – напиша Филипоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.