Таткото на Бојан Јовановски-Боки 13, Миле Јовановски, денеска пред судијката Александра Ристевска во Кривичниот суд призна дека на Божик во 2017 го тепал со боксови и клоци неговиот прв сосед свештеникот Виктор Стојчев и оти му нанел тешки телесни повреди.

Тој додаде дека никој не вршел притисок врз него за да го признае делото и дека ќе ја плати штетата, но во неговите завршни зборови се пожали дека провокациите на соседот свештеник продолжуваат и денеска, оти тој не престанува да пишува на „Фејсбук“ за семејството Јовановски.

Според обвинителниот акт, настанот се случил во дворот на оштетениот. Причина за инцидентот било погрешно паркирано возило од страна на Бојан Јовановски. Кога попот Стојчев почнал да свири за да му даде до знаење на возачот да го препаркира возилото, од својот дом излегол Бојан Јовановски и го препаркирал возилото.

Но, токму тогаш од соседната излегол татко му и ја отворил вратата и почнал да го удира попот на кого му бил скршен клучниот зглоб од левата нога.

Пресудата ќе биде изречена во понеделник во 11 часот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.