На 22.08.2020 во 12.30 часот во Полициската станица Тетово, три жени од тетовско село пријавиле дека Ф.А.(43) од нивното село извршил обљуба врз нивните малолетни ќерки.

-За настанот бил известен Јавен обвинител, а врз основа на судска наредба, на 22.08.2020 полициски службеници извршиле претрес во домот на Ф.А., при што пронашле и одзеле пиштол „Ekol Firat Magnum“, една рамка со 13 куршуми кал.9мм, секира, три ножеви и други предмети, за кои постои сомение дека можат да помогнат во истрагата, информираат од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.