Две лица починаа во тешката сообраќајна несреќа што се случи вчера наутро во 09.40 часот на патот Куманово – Крива Паланка, на местото викано „Чешмиче“, пред с.Страцин.

Како што соопшти МВР, сообраќајната незгода се случила помеѓу патничко возило „фиат пунто“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.Ѓ.(55) од с.Железница и патничко возило „фиат пунто“, со кратовски регистарски ознаки, управувано од И.М.(26) од Битола.

Во незгодата од здобиените повреди на лице место починал Б.Ѓ., додека сопатникот од истото возило Ф.Ѓ.(23) од с.Железница и И.М. биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување на лекарска помош, каде починал и Ф.Ѓ..

Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Куманово.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.