Татко и син од Албанија биле фатени вчера од царинските инспектори на граничниот премин „Богородица“ со вкупно 51 килограм марихуана. Тие имале намера да ја изнесат дрогата од Македонија и преку Грција да ја внесат и продадат во Турција.

Како што информираа денеска од Царинската управа, дрогата била скриена во дупка под седиштата од автомобилот во кој се превезувале. Марихуаната потекнува од Албанија, а пријавените ја внеле во земјава преку граничниот премин Ќафасан.

Од Управата соопштија дека таткото и синот биле фатени од царинските инспектори, без употреба на кучиња за откривање на дрога.

На излез од Република Македонија царинските инспектори во патничко моторно возило со албански регистарски таблички пронајдоа 51 килограм опојна дрога марихуана. Возачот и совозачот се татко и син албански државјани, тргнати во правец кон Грција, изјавија од Царинската управа.

Од таму додаваат дека дрогата на нарко пазарот во Турција би достигнала цена од 140.000 до 180.000 евра.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.