Момче од Албанија со остар предмет повредило татко и син од Росоманско, при физичка пресметка синоќа во Росоман, за МИА потврдија од МВР.

Синоќа во 21.20 часот во СВР Велес било пријавено дека во Росоман, пред угостителски објект, по кратка вербална расправија, настанала физичка пресметка помеѓу средовечен жител на росоманското село Рибарци и неговиот 26 годишен син, од една страна и Б.К. (22) и неговиот татко П.К., двајцата од Албанија, од друга страна, појаснија од МВР.

Притоа, Б.К. со остар предмет ги повредил таткото и синот од Рибарци. По настанот, повредените биле пренесени во болницата во Кавадарци. Се работи на расчистување на случајот



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.