На ден 12.06.2020 година по претходно обезбедена судска наредба извршен е претрес на домот и други простории кај лицето Д. Ф. роден 1989 година, Скопје.

За време на претресот пронајдено е една тегла со непозната растителна материја (најверојатно марихуана), една полиетиленска топка со нн растителна материја (најверојатно марихуана), една црна ќеса со остатоци од нн растителна материја и една дигитална вага црна боја.

Непознатата растителната материја е во вкупна маса околу 300 грама. На истата улица во непосредна близина на фабриката Охис пронајдено е ПМВ Волксваген шаран црвена боја сопственост на неговиот татко И.Ф.

Извршен е преглед на возилото во присуство на неговиот татко при што се пронајдени: 1 ќеса со бела нн прашкаста материја со вкупна маса околу 30 грама, 5 ќеси со жолта нн прашкаста материја со околу 30 грама, 1 ќеса со кафена нн прашкаста материја со околу 10 грама и 2 ќеси со растителна нн материја со околу 20 грама.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.