Во куќа во скопска Топаана двајца скопјани произведувале оружје.

Се работи за син и татко А.Ј.(46) и С.Ј.(73), кои се приведени поради постоење основи на сомнение дека извршиле кривично дело недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.

При претрес на дом и помошни простории кај А.Ј., каде што била лоцирана импровизирана работилница за изработка и поправка на оружје и муниција, биле пронајдени 6 ловни пушки, 3.215 парчиња муниција за огнено оружје, 67 механизми и делови од огнено оружје за пушки, 3 цевки за пушки, 74 делови од разновидно оружје, 9 затварачи за пушки, 22 кутии со разновидни механизми за пиштоли, една дигитална вага за мерење на барут, соопшти МВР.

При претрес и кај неговиот татко С.Ј., кој во моментот престојувал во викенд-куќа во село Раштак, биле пронајдени: една полуавтоматска пушка, една ловна пушка, еден сигнален звучен револвер, шест цевки за оружје, три дрвени кундаци, 1604 куршуми со долго зрно, 101 куршум ловна муниција калибар 12 мм, затворач за оружје, куршуми маневарска муниција, 499 куршуми ловна муниција кал.16мм, четири пакувања со иницијални каписли.

Против двајцата ќе биде поднесена кривична пријава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.