Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против 54 годишниот Н.А., 26 годишниот Л.А. и А.А. на возраст од 27 години, сите од село Лакавица, за сторено кривично дело “насилство“.
Полицијата информира дека на први октомври 2018 година во Полициска станица Гостивар, 38 годишниот Р.С. од село Падалиште, пријавил дека истиот ден околу 18.50 часот во Гостивар пред угостителскиот објект на улица „Беличица“ лицето Н.А. од Лакавица, заедно со неговите синови Л.А. и А.А., физички го нападнале него и неговите другари Ф.М., Б.С.и Ј.М., сите од село Падалиште.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.