Јавноста остро реагира на пресудата – условна казна, за несреќата на излезот од Охрид, во која минатиот август загинаа двајца млади битолчани, а тешко беа повредени нивните три другарки.

Што е бе тоа во охридскиот суд, условна казна за човек кој предизвикал сообраќајка во која загинале двајца млади луѓе!?
Што е ова бе?
Ова не држава, ова е циркус.
Оној Кичеец исто, возел преку две полни линии уби човек, седуммина повреди, шест месеци доби.
Дали има некој одговорен и го гледа овој башибозук, ова исмевање со правдата?, коментира актерот Сашо Тасевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.