Маж почина во болница во Штип откако беше нападнат од својот внук, информира полицијата. Вчера во СВР Штип било пријавено дека околу 13:00 часот во Клиничката болница Штип починал 66-годишниот С. М. од Кочани, кој бил физички нападнат во неговиот дом, од неговиот 19-годишен внук В.З., кој со метален предмет и камен му нанел повреди на главата.
Телото на починатиот е предадено на обдукција. В.З. е приведен и задржан во Полициската станица Кочани за понатамошна постапка. Известен е јавен обвинител.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.