Во Општина Охрид заседава кризниот штаб , поради пожарот кој изби вчера кај местото викано „Јасика“, во близина на селата Косел и Опеница.
Неофицијално воспоставен е контакт со дирекцијата за заштита и спасување, од каде најавиле дека во текот на денов ќе ги испратат ER TRAKTOR авионите за да се изгасни пожарот.
Пожарникарите од противпожарната служба од Охрид се на терен од вчера. Но, поради тешко пристапниот планински терен, отежнато е гаснењето на пожарот во шумата. За гаснењето на огнот се ангажирани две возила на Противпожарната единица, а вклучени се и екипи од шумската полиција.
Опожарена е голема површина, а поради ветрот пожарот се сеуште се шири.
Поради пожарот во текот на ноќта Охрид беше прекриен со чад и се чувствуваше силна миризба.
извор: Скопје1
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.