Вчера напладне на Граничен премин „Аеродром Скопје“, при пасошка контрола и проверка било констатирано дека лицето Д.Н. (31) од Свети Николе се наоѓа на Стоп листа со мерка „А“ (апси) по барање од СМПС – Одделение за потраги Свети Николе.

Тој бил лишен од слобода и во 14.30 часот бил предаден на полициски службеници од СВР Скопје за спровод до Казнено – поправната установа Штип.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.