Дваесет и седум годишна жена синоќа во штипската полиција пријавила дека нејзиниот свекор се обидел да ја обљуби.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова во соопштение наведува дека жената случајот го пријавила синоќа во 20.15 часот.

Жената пријавила дека околу 17.30 часот во семејниот дом, нејзиниот свекор Ѓ.М.(56) од штипското село Лакавица, со употреба на физичка сила и закани по нејзиниот живот се обидел да изврши обљуба над неа, но таа успеала да побегне, се вели во соопштението.

Свекорот Ѓ.М. е лишен од слобода и по комплетирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.